Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Чешка не ја сака повеќе енергијата од обновливи извори

Чешка не ја сака повеќе енергијата од обновливи извори

iStock_000016699748MediumПретседателот на Чешка Милош Земан објави за ‘Prague Monitor’ дека ги отфрла препораките на ЕУ за зголемување на уделот на произведена електрична енергија од обновливи извори, но дека сепак ги поддржува напорите за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Но, Чешка ќе настојува да ја намали емисијата на стакленички гасови со поголемо учество на нуклеарната енергија во енергетскиот микс.

Претседателот Земан ги критикува обновливите извори, пред се поради нивното субвенционирање, но и поради проблемите со стабилноста на електроенергетскиот систем, каков што е примерот со Германија поради големиот број ветерни електрани на северот на земјата. Во моментот Чешка произведува 12% енергија од обновливи извори.

Испрати коментар

Scroll To Top