Во изминатите години компаниите Jacob & Co и Bugatti соработувале со цел да произведат низа уникатни часовници инспирирани од супер автомобилот Chiron, а сега имаат нова креација. Станува збор за часовникот наречен Bugatti Chiron Blue Sapphire Crystal, кој поседува целосно функционална реплика на Chiron – овиот 8,0 литарски quad-turbo W16 мотор, чии клипови се движат додека се вртат турбополначите. Но, за разлика од сличните вакви напредни модели, куќиштето на овој часовник е направено од сафирен кристал, што барало повеќемесечни процес на обработка на материјалот со високософистицирани машини, како и рачно полирање. Сафирот потоа е обоен во сина нијанса.
578 рачно декорирани и склопени компоненти го сочинуваат самиот механизам на часовникот, а во неговата изработка се користени 51 скапоцени камења. Останатите детали вклучуваат покажувач инспириран од Chiron – овиот покажувач на количината на гориво, како и три сафирни круни. Дел од часовникот е и Jacob & Co “Shock Protection System, односно системот за заштита од падови и удари, украси од 18 – каратно злато, гумена нараквица и сл. Досега е направен само еден примерок во кој се вложени 120 часови чабота и тоа само за изработка на куќиштето. Цената на овој часовник е 1,5 милиони долари, додека за „обичната“ верзија без скапоцени камења треба да се издвојат 280.000 долари.