Насловна / Архитектура / Нереализирани проекти на Френк Лојд Рајт оживеаа во 3Д рендери

Нереализирани проекти на Френк Лојд Рајт оживеаа во 3Д рендери

По повеќе од шеесет години од смртта на познатиот архитект, неговите дела сè уште се проучуваат со големо внимание, дури и оние кои никогаш не биле изведени.

Френк Лојд Рајт и денес живее преку своите објекти и влијанието што го оставил, како и преку колективната имагинација. Сепак, може да биде изненадувачки што повеќе од половина од вкупно 1.171 негови архитектонски дела никогаш не се изградени.

„Проектите и визуелизациите на Рајт се предмети на убавина, но за да се искуси како би можеле да изгледаат неговите нереализирани скици – тоа бара голем напредок“, пишува порталот Angi, кој стои зад идејата, три неизградени куќи на Френк Лојд Рајт да се оживеат во реалистични 3Д рендери и основи засновани на неговите цртежи, за да може да се види сета нивна убавина.

Куќа на г-ѓа Дејвид Девин (Чикаго, 1896)

2

„Во доцните 1890-ти, Рајт сè уште се формирал како независен архитект и немал моќ да се бори со клиентите околу детали. Овој единствен експериментален проект не е типичен за работата на Рајт. Иако Рајт си поигрувал со овој вид заоблени форми, домот не се вклопува во потполност во неговиот развој како архитект. Неизграден, остава единствена дупка во историјата на архитектурата на Рајт“, пренесува ArchDaily.

3

Студио за Ајн Ранд (Конектикат, 1946)

1

„Ранд првпат стапила во контакт со Рајт во 1937 година истражувајќи ја ‘кариерата на архитектот’ за својот роман. Како резултат создаден е проект на објект што ја поврзува острата линија на Ранд со Рајтовата прослава на природата. Бетонските исфрлени тераси, како и елементите од помек камен, со додавањето на винови лози и фонтани, само го нагласуваат ефектот дека објектот делува како брод што излегува од длабочините на природата“, додава Angi.

5

Куќа на езерото Тахо (Калифорнија, 1923)

6

„Рајтовиот летниковец на езерото Тахо навистина бил дел од имагинацијата, проектиран без провизија за локација во заливот Емералд Беј, опкружена со шума. Терасите со високи ѕидови би создале чувство на изолација од општеството и приврзаност кон природата. Утописката населба на Рајт би имала и пловечки кабини во заливот под локацијата“, наведува порталот Angi.

7

Испрати коментар

Scroll To Top