Квартот Норебро во Копенхаген е еден од културно најбогатите соседства
од Данска. Во него живеат најмногу етнички заедници, а социјалните
предизвици со кои се соочува секојдневно се исти како и во сите останати
поголеми светски градови. Тоа што го одвојува Норебро од останатите
градови е уникатниот одговор на овие предизвици.
Со поддршка на
Реалданиа, филантропска групација посветена на урбаниот развој,
копенхашката комуна надгледуваше проект кој ја потенцира вредноста на
заедничкото наследство. Суперкилен е јавен парк долг 750 метри, кој се протега помеѓу улиците Нореброгаде и Тагенсвеј. Развивањето на дизајнот се водеше од еден сеопфатен концепт – создавање на голем изложбен простор за најдобри урбани практики, односно изложување на колекција од глобално пронајдени предмети од повеќе од 60 националности – националности кои можат да се пронајдат во околното соседство.
Збирот на предмети и дизајни е навстина разновиден. Опрема за вежбање од плажите на Лос Анџелес се наоѓа веднаш до канализацона шахта од Израел, или палмите од Кина се насадени наспроти неонските рекламни знаци од Катари од Русија. Секој објект е обележан со метална плочка на која е напишан текст на дански и на јазикот на земјата од каде што потекнува инспирацијата. Проектот на паркот е креативна колаборација помеѓу архитектонското студио BIG, архитектонското студио за уредување на пејзажи "Топотек1" и здружението на уметници "Суперфлекс". Паркот претставува редок спој на сите три дисциплини, од почетокот на проектирањето па сè до завршување на изградбата. Концептуалниот почеток бил започнат со поделба на просторот во три обоени зони, зелена, црна и црвена зона. Со овие три бои е обоено буквално сè што се наоѓа во соодветната зона, со што се создава конекција помеѓу сите разновидни предмети.
Црвен дел
Спортската и културна сала во Норебро се наоѓа на самиот почеток од црвениот плоштад. Овој дел од плоштадот е всушност надворешно продолжување на салата, со што се создава дополнителен простор за најразлични збднувања под отворено небо.
Целта на оплеменувањето на надворешниот прстор на салата е да се привлечат и граѓаните на Копенхаген кои живеат подалеку, во околните предградија. Основниот извор на осветлување на плоштадот доаѓа од специјално дизајнирани рефлектори од производителот "Хес Ресиденца", поставени на жица. Рефлекорите се произведни од дообработен алуминиум со заштитен слој, а во нив се поставени 70-ватни халогенски светилки. Четири столбови го дополнуваат светлото со неонско осветлување, кое придонесува и кон уменичката вредност на просторот. Овие четири столбови ги претставуваат државите Русија, Кина, Тајван и Соединетите Американски Држави.
Црн дел
Централниот дел на плоштадот е најмал. Црниот плоштад е наменет да биде поинтимен и порелаксиран дел – надворешна дневна соба. И тука, како и на целиот плоштад, се поставени предмети од целиот свет, како на пример фонтана од Мароко, турски клупи, јапонски цреши и друго. Од едниот до другиот крај се повлечени бели линии кои ги заобиколуваат сите предмети, претставувајќи јапонска зен градина. Додека на црвениот дел од пплоштадот може да се види подинамична атмосфера како спорт и најразлични настани, црната зона е за посмирени активности. За време на викендите, клупите и масичките поставени на црната зона стануваат место каде може да се видат играчи на шах, табла и слично. Во центарот на црната зона е изложено уште едно неонско парче кое, овој пат, го обележува патот до стоматологот од Доха, Катар. Покрај тоа, за осветлување на просторот има светилки во кружен аранжман кои се поставени на висок 12-метарски столб, инспириран од берлинскиот реон Спандау.
Зелен дел
Зелениот дел или зелениот парк е најдолгиот дел од целиот плоштад. Всушност, тоа се нежни тревни површини и ритчиња, дизајнирани да привлекуваат деца, фамилии и младинци. За оваа цел во зелениот дел се поставени две игралишта од кои едно е за хокеј а другото за кошарка. За осветлувањето на овој дел се употребени покласични светилки со италијански стил. Седумнаесет осумметарски светилки од производителот "Нери" се распространети наоколу.
Тие имаат од шест до осум глави на кои се поставени по 35-ватни светилки, прекриени со мат стакла. Гледано во целост, плоштадот Суперкилен претставува надреална колекција од урбана разновидност, и нуди вистински одраз за локалното соседство, а не лажна слика за хомогеното општество на Данска. Суперкилен е пејзаж препознатлив за сите различни идентитети кои го користат.
Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија