HAS design and research стои зад проектот на новиот Музеј на алуминиумот во Тајланд. Наместо рамна метална надворешност, направена е фасада која се состои од десетина илјади парчиња алуминиум, која никого не остава рамнодушен. Музејот на модерен алуминиум или MoMa – исто како познатиот музеј во Њујорк, има 400m2 и се наоѓа на периферијата на Бангкок. Тајланд има богата историја на производство на алуминиум, а сеприсутноста на овој метал ширум урбаниот Тајланд е инспирација за дизајнот на фасадата. HAS истакнува дека на крајот на минатиот век, Тајланд бил водечки производител на алуминиум во југоисточна Азија. Разновидната и богата понуда на алуминиумски профили, не само што ги задоволувала домашните потреби, туку и се извезувала и ан прекуморските пазари. Азиската финансиска криза го погодува Тајланд во 1997 година и ја поттикнува индустријата на алуминиум да продава по ниски цени на локалните купувачи. Ова резултирало во мноштво неуредени метални реклами, балконски огради и проширувања во приземјата, кои се дел од уличниот пејсаж на денешен Бангкок.
„Процесот на проектирање на MoMa, започнал со проучување на алуминиумските натписи кои вообичаено с егледаат на улиците, а потоа алуминиумот е користен како елемент за поврзување на целата зграда. Со истражувањео на алуминиумските профили создадена е специфична алуминиумска текстура во тајландската бетонската џунгла“, нагласуваат проектантите. Алуминиумските делови кои ја чинат надворешноста се направени во фабрика, а потоа се транспортирани со камиони на градилиштето и монтирани. Парчињата не се со иста текстура, боја и должина, а поголемиот дел има интегрирано LED осветлување.