Насловна / Вести / Парклети – улични зелени дневни соби за сите

Парклети – улични зелени дневни соби за сите

Насоката во која ќе се развиваат градови на иднината секако дека е „зелена“. Некои од планираните проекти се навистина најсовремени инфраструктурни проекти и бараат големи инвестиции, но прилагодувањето кон климатските промени може да се постигне и со спроведување на проекти со помали барања.

в1_resize

Виена

Малите промени во урбаниот простор исто така можат да помогнат да се редефинира нашиот однос со природата, особено кога тие можат да се прилагодат на потребите на локалната заедница.

в2_resize

Виена

Совршен пример за тоа се парклетите: импровизирани зелени тераси кои се протегаат од тротоарот до улицата и на тој начин зафаќаат неколку паркинг места, создавајќи повеќе простор за луѓето. Парклетите во текот на изминатите години станаа вистински хит во главниот град на Австрија. Градот Виена поддржува голем број иницијативи со кои се подобрува квалитетот на животот во градските четврти – со „квартовски оази“ (Grätzloase), и ја поттикнува социјалната кохезија.

в3_resize

Виена

в5_resize

Виена

Покрај тоа, парклетите можат да помогнат во борбата против климатската криза со намалување на сообраќајот и зголемување на биолошката разновидност, особено во урбаните области со недостаток на зелени површини. Покрај тоа што повукаат на дружење, претставуваат и јавен простор достапен за сите. Тие со своето зеленило не само што ги разубавуваат улиците на градот, туку придонесуваат и за попријатна микроклима во текот на топлите летни денови.

в4_resize

Виена

Парклетите се прошируваат и во Лондон благодарение на иницијативата London Parklets, која им помага на граѓаните, во соработка со градската администрација, да ги постават на улиците во што поголем број, па така ги претворат паркинг местата во улични дневни соби, слично како во австралиските градови Сиднеј и Мелбурн.

л1_resize

Лондон

Пандемијата прилично го промени нашиот секојдневен живот, особено нашиот однос кон работата и патувањето до работа, но исто така укажа на важноста да се биде на отворено и потребата да се инвестира во зелена инфраструктура.

л2_resize

Лондон

л4_resize

Лондон

Челниците на многу градови ширум светот се свесни дека по пандемијата можеби нема да има „враќање на старата нормала“ и дека изнаоѓањето иновативни начини за враќање на природата во урбаните средини е од големо значење. Сепак, животот во градовите би можел да стане позелен и поудобен во годините што доаѓаат.

л3_resize

Лондон

л_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top