По усвојувањето на новиот Закон за заштита на животната средина, Италија одлучи да инвестира 508 милиони евра во проекти од областа на циркуларната економија. Од приватните компании, владата добила 222 предлози за проекти за циркуларна економија. Целта на оваа одлука е заштита на животната средина, а средствата се обезбедени од планот за Национлен опоравок и отпорност.
Неодамна парламентот усвои нов закон кој бара од државата да ја штити животната средина, екосистемите и биодиверзитетот во интерес на идните генерации, па затоа аспектите поврзани со животната средина ќе бидат сериозно анализирани при реализација на било која приватна или јавна иницијатива. Министерот за еколошка транзиција, рекол дека следува ново поглавје во развојот, во технологии со пониско влијание врз животната средина.