Македонски телеком ja пушти првата комерцијална 5G-мрежа во Македонија и овозможи користење на 5G-услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.
Подготовките за воведување на 5G-технологијата започнаа во 2018 година со првата лабораториска демонстрација на 5G, а во 2019 година Телеком ја постави првата реална тестна мрежа преку која се постигнаа брзини на пренос на податоци од 1 Gbps, десет пати поголеми од 4G.
Македонски телеком е во екот на имплементацијата на новата 5Г радио пристапна мрежа и за половина година успеа да обезбеди покривање со 5G-сигнал на 15 града и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.
Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај сите корисници од главниот град и поширокиот Скопски Регион ќе имаат пристап до 5G-услуги. До крајот на октомври 2022 година со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 града во Македонија.
Сите информации за 5G, покриеноста на територијата, информации за производи и уреди, како и детали за можностите на оваа технологија ќе можете да ги прочитате тука.