Насловна / Архитектура / Необична куќа – стакло сред шума

Необична куќа – стакло сред шума

Стаклото и челикот овозможуваат да се создаде простор кој повеќе личи на вселенски брод среде шума отколку на класичен дом.

kuka

Овој простор, проектиран за финска компанија за производство на стакло, истовремено може да послужи и како место за живеење, но и за создавање канцелариски простор со неверојатен поглед на околината и небото. Куќата е целосно подготвена за употреба, но мора да се монтира на парцела што содржи основа изградена според упатствата на производителот.

kuka1

Надворешното стакло на оваа куќа неодоливо потсетува на масивно огледало кое е делумно прекинато со црни шевови на системот за застаклување, како и црна челична лента на подот. Благодарение на огромната количина стакло, надворешноста на овој дом е поврзана со околната шума и езеро на фантастичен и необичен начин.

kuka2

А кога станува збор за ентериерот – со право може да се каже дека најважен елемент на ентериерот е природата, односно околниот пејсаж и небото. Триаголната форма на челичните конструкции е ориентирана кон оптималната гледна точка во внатрешноста на објектот за да се овозможи максимален преглед на надворешноста со минимални пречки.

kuka3

Еднообразната употреба на површинска боја и материјали на внатрешните површини е своевиден пандан на околниот пејсаж, при што осветлувањето е интегрирано во споменатиот триаголен дел од челичната приказна. Благодарение на импресивните стаклени површини, овој дом всушност се рефлектира во природата, како и она во него и има исклучително оригинална мултидимензионалност.

kuka4

Испрати коментар

Scroll To Top