Чудесна трансформација на традиционален англиски дом кој покрај фантастичниот ентериер, ужива и во раскошно уредена градина.
Станува збор за исклучително модерен ентериер кој на моменти открива некаков шарм на традицијата. На сите страни се гледаат рачно изработени предмети, употреба на нежни и топли бои и неодолива светлина која се чини дека продира од сите страни за да се нагласи удобноста на домот. А тоа се чувствува веднаш штом ќе се влезе во ходникот покриен со цврсти дабови подови, додека густите изложени греди уредно се вкрстуваат над главите на минувачите.
Примарните простори за живеење го формираат срцето на куќата и се меѓусебно поврзани за да создадат лесен, природен проток од една соба во друга, додека внатрешната естетика е подеднакво мирна, топла и пријатна, украсени во земјени тонови кои се совршено координирани со сите придружни детали. Длабоко отворено огниште од црвена тула ги опкружува полиците направени по нарачка, додека стаклените врати со дрвени рамки водат до прекрасно осветлениот салон каде прозорците го вградуваат погледот на зелената градина.
Подеднакво интересна е и рачно изработената кујна со елементи по нарачка, ѕидови со дрвени облоги и подови од теракота, која има и фантастични врати и прозорци кои овозможуваат излегување на горната тераса – совршено место за ручек на отворено.
Три од четирите спални се наоѓаат на првиот и вториот кат, каде има две бањи, од кои едната е опремена со бакарна када, а другата со голема туш кабина. Главната спална соба го зазема централниот дел на поткровјето и претставува прекрасно уреден и исклучително пропорционален простор со цврсти дрвени греди и ниски кабинети долж целата просторија.
Овој фантастичен простор за живеење ужива во пространа приватна градина во текот на целата година, која е подеднакво убаво уредена – толку што слободно може да се нарече своевидно проширување на внатрешниот простор.