Насловна / Архитектура / Олимписко чудо кое никна среде индустриската зона во Пекинг

Олимписко чудо кое никна среде индустриската зона во Пекинг

Пекинг е домаќин на најдобрите спортисти на снег и мраз, за ​​свечената церемонија повторно ќе се зборува уште долго, но организаторите се погрижија тоа да не биде се што во јавноста ќе предизвика интерес.

14

Со очекувања дека ќе бидат срушени многу рекорди, дека Кина можеби ќе се вклучи во борбата за врвот на листата на освојувачи на медали, еден од главните впечатоци ќе остане „чудото“ што никна во делот од градот каде што најмалку се очекуваше – станува збор за Big Air Shougang.

Big Air Shougang е борилиште во облик на рампа лоцирано сред индустриската зона во делот на градот Шиџингшан, во западен Пекинг.

01

Рампата е изградена над поранешната железара на Шуганг групацијата, која е затворена во 2008 година поради загадување на воздухот. Изградбата започна во 2018 година, а беше завршена на 1. ноември 2019 година.

„Делува прилично дистописки да се видат некои нуклеарни објекти во позадина на скијачки натпревар“, вели еден корисник на Твитер.

10

За разлика од многуте од овој тип, ова борилиште не е монтажно, туку трајно. Ќе остане на местото каде што е изградено и ќе се користи за разни спортски натпревари. Високо е 64 метри и долго 164 метри, со неколку делници за изведување трикови кои и пркосат на гравитацијата. Проектот е потпишан од TeamMinus, проектантска фирма на Брајан Ли Џанг сместена на Универзитетот Cinhua во Пекинг.

4

Гледачите се навикнати на зимските натпревари околу патеките да гледаат шуми и планински снежни врвови, но челниците на најголемата смотра на спортисти направија нешто поразлично, не само за да се издвојат, туку и да укажат на борбата за зачувување на животната средина.

„Првиот пат кога се искачив на врвот бев разочаран бидејќи обично гледаме многу планини во тие ситуации. Меѓутоа, кога се запалија светлата беше неверојатно“, изјави Антоан Аделиз од Франција.

7

Big Air Shougang се наоѓа на локација која порано била индустриска и се користела за преработка на челик, па во атмосферата била испуштена голема количина на штетни материи. Сега е обновена и ќе послужи да се  зајакне „зеленото движење“ и одржливоста, што е дел од кампањата Пекинг 2022 година.

8

Аспектот на одржливост произлегува од за пофалба вредната цел на организаторите, речиси потполно да се ослободат од емисиите на јаглерод, користејќи техники за ладење со јаглерод диоксид, опции за транспорт со ниска содржина на јаглерод и користење на постоечките капацитети од последните Игри.

5

Оваа здание се наоѓа покрај четири големи бетонски оџаци кои изгледаат како оние од нуклеарната централа во која работи Хомер Симпсон (некои корисници на социјалните мрежи се пошегуваа со тоа), а по изгледот и дизајнот наликува на шарена лента што се вее на ветрот. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах изјави дека ваквото решение е вистински пример за изградба на значајни спортски објекти во градските средини.

Кулите го симболизираат индустриското наследство на тој дел од престолнината, поради што, според зборовите на главниот архитект Ли Џанг, првичниот план бил да бидат дел од конструкцијата.

1

„Се обидовме да ставиме лифт во една од разладните кулит за да ги видите спортистите како излегуваат од никаде на почетокот на нивните скокови. Сепак, тие се многу кревка структура и ако направете дупка, веројатно ќе се урнат“, истакна архитектот Ли.

Дисциплината big air freestyle, многу привлечна за гледачите и спонзорите, поприлично е нова во олимписката програма – воведена е пред четири години на Игрите во Пјонгчанг за сноубордери, додека од пред неколку дена се натпреваруваат и скијачи.

11

„Арената е одлична и големите скокови се толку луди. Тоа е одлично место за скокање“, изјави британската натпреварувачка Кирсти Мјур.

Кинеската Ајлин Гу Ајлинг не го криеше своето воодушевување од местото каде што ќе се одржи олимпискиот натпревар. Девојката родена во Сан Франциско ја воодушеви домашната публика со својот настап во финалето, стигна до златниот медал и така на најдобар можен начин го „отвори“ Big Air Shougang.

9

„Фантастично е. Мислам, погледнете наоколу, нема снег на друго место. Но некако, кога скијате овде, се чувствувате како да сте на глечер или нешто слично”, вели Гу Ајлинг, на која дизајнот на патеката и овозможи да изведе речиси совршен трет скок.

Нејзиниот американски колега Мак Форхенд ја објасни разликата во однос на другите патеки.

6

„Едно од најдобрите места за big air што го имаме. Имавме градски натпревари и во минатото, но сите патеки беа монтажни, на скелиња, беа помали. Одлично е што можеме да видиме скок во град каков би виделе на планина“, вели Форхенд.

0

Кина можби ќе се приклучи во борбата за првото место на листата на освојувачи на медали (моментално води со три златни и две сребрени), извесно е дека ќе остане запаметена како првата земја што ги организирала Зимските олимписки игри со нула проценти природен снег.

Меѓутоа, кога во иднина ќе се зборува за натпреварувањето одржано во 2022 година, една од првите асоцијации сигурно ќе биде Big Air Shougang.

12

15

2

Испрати коментар

Scroll To Top