Насловна / Вести / Инженерско чудо: Железничка станица која се наоѓа 102 метри под Кинескиот ѕид

Инженерско чудо: Железничка станица која се наоѓа 102 метри под Кинескиот ѕид

Кина е земја на бројни чуда и рекорди. На пример, нa 6-ти јануари 2022 година, во Кина е пуштен во сообраќај првиот автономен брз воз на светот, специјално за Олимписките игри. Но, доколку ова не е доволно импресивно, во продолжение презентираме уште едно инженерско чудо. Станува збор за железничката станица Badaling Great Wall, која се наоѓа на околу 800 метри од влезот во Бадалинг – најпопуларниот дел од Кинескиот ѕид.

【宛如横渡七海的风】八达岭长城2站台列首

Со цел столетниот споменик да се заштити од конструктивни оштетувања, железничката пруга и станицата се изградени длабоко под земја. Поточно, се простира на 36.000 квадратни метри, и 102 метри под земјата, така што е најдлабока и најголема станица на брзата железница на светот. Изградбата на оваа станица, која вклучува и 12 километри долг систем од тунели, сместени под еден од најграндиозните споменици под заштита на УНЕСКО, воопшто не била едноставна.

badaling3

Инженерите користеле исклучително прецизни и осетливи уреди за мерење на експлозиите, со цел ударите да не бидат поголеми од вибрациите предизвикани од одењето по Кинескиот ѕид. Со изградбата на оваа станица, започнато е во 2016 година, и таа го скратува патот од Пекинг до овој дел на Кинескиот ѕид, од претходните 1,5 часа на само 27 минути. Исто така таа ги опфаќа вторите по големина ескалатори во светот, долги 88 метри и високи 42 метри.

1台

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top