Насловна / Вести / Почнувa постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата

Почнувa постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата

Министерството за животна средина и просторно планирање почна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата.

Studencisko blato

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

Studencisko blato1

Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спроведување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите заградежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта.

Јавната расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата се планира да се одржи на 23 овој месец, со почеток во 12 часот во Големата сала во општинската зграда во Охрид.

Испрати коментар

Scroll To Top