Насловна / Вести / Швеѓаните осмислиле систем за складирање на нуклеарниот отпад за наредните 100.000 години

Швеѓаните осмислиле систем за складирање на нуклеарниот отпад за наредните 100.000 години

Шведската влада го одобрила новиот план на компанијата SKB за управување со нуклеарното гориво и нуклеарниот отпад, кој подразбира изградба на постројка за складирање на потрошеното и многу радиоактивно нуклеарно гориво на безбеден начин во наредните 100.000 години. Се проценува дека постојат околу 370.000 тони потрошено нуклеарно гориво во привремените складишта ширум светот, а со овој план шведската влада и одобри на компанијата SKB безбедно чување на нуклеарниот отпад во наредните 100.000 години.

Forsmark3600x.jpg

 

Амбициозниот проект на оваа компанија се развива веќе 40 години, во соработка со експерти од универзитетите, истражувачките институти и научници од Шведска но и од други земји. Проектот е детално анализиран од страна на шведската агенција за безбедност и радијација, со цел да се гарантира за безбедна животна средина. Освен што подразбира изградба на нова постројка во Forsmark, новиот проект планира и отворање на 1.500 нови работни места. SKB сега чека на завршување на процедурата за лиценцирање, со цел да ги добие сите потребни дозволи. После тој процес ќе бидат потребни 10 години за изградба на постројката.

skb2

skb3

Иако швеѓаните уште во 1980 година изгласале напуштање на нуклеарната енергија, нивниот став очигледно е променет, па нуклеарната енергија и натаму се смета за клучен сегмент во напуштањето на фосилните горива.

Испрати коментар

Scroll To Top