Тим научници од Националната лабораторија Oak Ridge на американското Министерство за енергетика (ORNL), успеал рециклираната платика од домаќинствата да ја претвори во лепак за повеќе намени. Благодарение на посебните својства, сосема мала количина од овој лепак може да држи товар од дури 130 килограми. „Ова е еден од најтврдите материјал познати на науката“, велат истражувачите. Како појдовна точка тие користеле полимер кој вообичаено се наоѓа кај четкиците за заби, разни рачки, пелени и сл., а истражувачите го облагородиле со нови моќни својства преку промена на неговата хемиска структура.
Тестовите покажале дека овој лепак ги надминува сите комерцијално достапни лепаци. Тој може да се рециклира и ги задржува своите својства на температури до 200 степени Целзиусови, па може да се аплицира и на високи температури. Се претпоставува дека ќе најде примена во воздухопловството, автомобилската индустрија и градежништвото, па сега се работи на комерцијализација и подобрување на технологијата.
Неговите предности во индустријата и во заштитата на животната средина се во заштедата на ресурси и намалување на отпадот. Со него може да се вршат поправки или да се корегираат скапи грешки, па може повторно да се обработи за нова употреба. Истражувањето е објавено во списанието Science Advances.