Новиот Bob Dylan Center во Тулса, Оклахома е најавено дека ќе биде отворен за јавноста на 10-ти мај 2022 година. Музејот е посветен на „творештвото на Боб Дилан и неговото светско културно значење“, а ќе има повеќе од 100.000 артефакти кои ја опфаќаат целата негова кариера и живот. Тука се вбројуваат рачно напишани текстови, претходно необјавени снимки, ретки фотографии и музички инструменти. Меѓу нив е и првата позната верзија на Don’t Think Twice, It’s All Right”, снимена во станот на неговиот пријател во есента 1962 година.Woody Guthrie Center, кој имал клучно влијание врз Дилан во почетната фаза.
Објавата за отворањето на музејот, доаѓа пет години откако архивата на Боб Дилан е продадена на George Kaiser Family Foundation и University of Tulsa во 2016 година. Истата година Дилан ја доби и Нобеловата награда за литература. Освен увид во бројните предмети на Дилан, новиот музеј ќе биде и место за постојани, времени и патувачки изложби.