Секое парче мебел е единствено по боја, дизајн, форма или некоја друга карактеристика. Меѓутоа, постојат и автори кои настојуваат во својата работа да ги надминат границите на вообичаеното, и кои сакаат со своето творештво и креативност да направат не само нивниот дизајн да биде забележан, туку и да ги истакнат другите функции на мебелот. Едно такво парче е столица која наместо четири, има само две ногарки.
Инспириран од принципот „Помалку е повеќе“, младиот португалски дизајнер Carlos Alves Ludovico дизајнирал столица наречена -2 CHAIR, чија специфичност е што наместо четири има само две ногарки. Меѓутоа, и со две ногарки помалку, по што го добила и името, оваа столица има свои предности – може да се потпре на ѕид или маса, заштедува простор и нуди подобра ергономија. Благодарение на отсуството на двете ногарки, на неа се седи во положба во која би се јавал коњ. Ова интересно парче мебел не е само визуелно привлечно. Осмислено е на начин на своите корисници да им обезбеди зајакнување на клучните групи мускули.
Португалскиот дизајнер, со во моментов адреса во Хелсинки, Финска, во својата работа ја комбинира уметноста на ракотворби со силни, робусни структури со минималистички визуелен пристап. -2 CHAIR е изработена од рачно обработено дабово дрво и мешавина од природна волна и лен, материјали кои обезбедуваат удобност, отпорност на абење и издржливост.