Насловна / Вести / Стоматолошка ординација каде пациентите обожаваат да дојдат

Стоматолошка ординација каде пациентите обожаваат да дојдат

Ентериерот на оваа клиника има за цел да го отстрани речиси вродениот страв на секој пациент од стоматологот.

4_resize

Надевајќи се дека ќе ја намали анаксиозноста што ја доживуваат пациентите при посети на стоматолошки клиники, кинеското архитектонското студио RIGI design ја проектирало Warm Clinic, ординација во Тјенцин, Кина, каде децата и возрасните треба да се чувствуваат опуштено и удобно. Вообичаено студениот прием со маса и столчиња во низа во чекалната во овој случај се избегнати и се заменети со пријатен и разигран мебел.

Богатството на бои и форми во овој ентериер не навестува што ве чека внатре. Архитектите токму тоа сакале да го постигнат.

1_resize

5_resize

Чекалната со правоаголна маса, која повеќе наликува на трпезариска, со необично осветлување и декоративни елементи, ги асоцира пациентите на домашна атмосфера. Овој концепт позитивно влијае на психата на пациентот, пишува Designboom.

6_resize

7_resize

Чекалната е опремена со модерен мебел, а целиот простор е збогатен со полици со растенија и светилки. Во чекалната има и чајна кујна, што придонесува за создавање домашна атмосфера, како и мала игротека за деца која го елиминира стравот од забар. На подовите од ходникот се исцртани бројки, па одењето до ординацијата е мала игра.

8_resize

2_resize

3_resize 9_resize 10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top