Еколошката организација Greenpeace го упати својот брод ‘Rainbow Warrior III’ во мисија за спречување на пловидбата на рускиот танкер што треба да ја превезе првата испорака на нафта произведена во Арктикот. Ова ќе биде вторпат организацијата да ги попречи руските планови за експлоатација на нафта во ова подрачје.
Првиот обид минататa година, заврши со апсење на 28 активисти. Овој пат екологистите не предупредуваат само на последиците по животната средина предизвикана од експлоатацијата на нафта во ова подрачје, туку предупредуваат и на изразената зависност од руската енергија со што се зајакнува позицијата на Путин во геостратешки и геополитички контекст, пренесува рускиот портал ‘Oil and Gas Eurasia’.