Насловна / Архитектура / Le Lignon: Станбен комплекс долг еден километар

Le Lignon: Станбен комплекс долг еден километар

Le Lignon е најголемиот станбен комплекс во Швајцарија, кој се протега на локацијата на поранешна фарма во Верниер во предградието на Женева. Изграден е во перидот помеѓу 1963 и 1971 година, со цел да се ублажи проблемот со недостаток на простор за живеење, кој бил исклучително сериозен во оваа земја во тој период. Архитектите  George Addor, Dominique Julliard, Louis Payot и Jacques Bolliger осмислиле тесен но долг комплекс составен од три згради со вкупно 2780 станови, а во кои денес живеат околу 7000 жители. Комплексот го добил името според француската река, а се состои од два облакодери и зграда долга околу еден километар, која има од 12 до 18 ката. Потребни се околу 15 минути за да се стигне од едниот до другиот крај на комплексот.

lelignon1

Освен станови, комплекост нуди и основно училиште, медицински центар, црква, продавници, ресторани, пошта, спортско-реакреативен простор со базен и подземни гаражи, па некои тврдат дека Le Lignon е град во мало. Поради малиот простор на кој живеат голем број луѓе, густината на населеност во  Le Lignon е споредлива со онаа на Менхетн во Њујорк.

lelignon3

lelignon5

Испрати коментар

Scroll To Top