Компанијата WinSun од Кина со користење единствено на 3D принтер, за само еден ден „испечати“ 10 куќи во реална големина.
Како што пренесува порталот rt.com, во овој процес e користен цемент кој брзо се суши, но проектантите се внимателни и не ја откриваат тајната на оваа технологија. Компанијата куќите ги „изградила“ со печатач широк 10 метри и висок 6,6 метри, со помош на млаз кој доаѓа од повеќе правци.