RWE и Northland Power ја зајакнуваат својата позиција на германскиот offshore пазар. Имено, овие компании ги здружиле силите со цел заедно да развијат кластер ветерни електрани со вкупна инсталирана моќност од 1300 MW во германското Северно море. Партнерите воспоставиле структура на заедничко вложување преку која планираат заеднички да развијат и изградат три ветерни паркови, за кои се очекува дека ќе започнат со комерцијална работа помеѓу 2026 и 2028 година.
RWE Renewables ќе има 51%, a Northland Power 49% удел. Новиот кластер на ветерни електрани на море вклучува вкупно три закупи на ветерни електрани на море. За една локација (N-3.8) со моќност од 433 MW, електраната е веќе обезбедена на последната германска аукција. Останатите две локации ќе додадат нови 900MW инсталиран капацитет и се очекува да бидат на аукција во 2023 година. Новиот кластер на ветерни електрани ќе биде во близина на постоечката ветерна електрана Nordsee One со инсталирана можност од 332 MW, во која Northland и RWE веќе се партнери.