Постојат голем број истражувања направени во однос на дрвјата со цел да се приближат што е можно поблиску до човекот. Ние ќе ви презентираме неколку интересни факти од кои дел се научно поткрепени, додека дел се само теории но се интересни да се знаат.
Најстарите живи суштества на Земјата
Се верува дека најстариот жив организам на Земјата е дел од познатата Пандо колонија (Populus tremuloides) во Јута. Колонијата на дрвја опфаќа околу 41,7 хектари и се проценува дека тежи речиси 6.000.000 килограми (6.600 тони), што го прави, исто така, најтешкиот жив организам. Се проценува дека некои делови на корења од оваа колонија, кои се меѓусебно поврзани се стари повеќе од 80.000 години.
Дрвјата и дивиот свет
Најверојатно знаевте дека дрвјата се добри за живиот свет, но дали знаете колку добри? На пример, Quercus robur може да поддржува стотици различни видови, вклучувајќи 284 видови на инсекти и 324 таксони (видови, под-видови и сорти) на лишаи кои живеат директно на дрвото. Тие за возврат обезбедуваат храна за бројни птици и мали цицачи. Желадите од дабови се храна за дестици врсти, вклучувајќи и диви свињи, гулаби, фазани, патки, верверички, глувци, јазовци и елени.
Баланс на јаглерод и кислород
Дрвјата повисоки од 30 метри можат да апсорбираат дури 22,7 килограми на јаглерод диоксид годишно, што е приближно ист износ, кој во просек го испушта еден автомобил годишно (41,500 километри). Исто такво дрво може да произведе 2.721 килограм на кислород, кој е доволен за да ги задоволи потребите за најмалце двајца луѓе.
Не ви е потребен компас
Кога ќе се изгубите во шума, можете да ги користите дрвјата како навигација. Во северните умерени климатски услови, маховината секогаш расте на северната страна од стеблата, каде што има поголема засена. Во спортивно, ако дрвото е исечено може да се ориентирате според прстените на дрвото, така што во северната хемисфера, годишните прстени на стеблото се малце подебели од јужната страна, бидејќи од таму доаѓа повеќе светлина. Спротивно на ова е на јужната хемисфера.
Заштеда на енергија и пари
Повеќето луѓе знаат дека дрвјата во близина на објектите можат да ги зголемат цените на имотот, на пример во Британија тие се поголеми за 15% и до 37% во САД. Исто така, дрвјата можат да заштедат енергија која се троши за затоплување и ладење на објектите. Трошоците за енергија потрошена на клима уредите е помала за 30%, додека заштедата на енергија за затоплување се движи од 20 до 50%. Причината лежи и во фактот што големите дрвја може да испарат и до 380 литри вода во воздухот годишно. Тоа има ефект на ладење еднаков на 10 просечни клима уреди кои би работеле 20 часа дневно.