Насловна / Вести / Исплови првиот 100% електричен танкер

Исплови првиот 100% електричен танкер

Јапонската компанија Asahi Tanker свечено го означи испловувањето на првиот целосно електричен танкер. Станува збор за првиот од двата идентични вакви бродови нарачани уште во 2020 година. Срцето на погонот го сочинува голема литиум јонска батерија развиена и произведена од страна на компанијата Corvus Energy и конзорциумот e5 Lab. Емисиите на вообичаените штетни гасови од бродските мотори, како што се јаглерод диоксид, сулфурни и азотни оксиди и честички, се речиси еднакви на нула. Дополнително, значително е намалена и бучавата, а во случај на природни катастрофи, бродската погонска батерија ќе може да послужи како извор на електрична енергија за потрошувачите на копното.

asahi2

Должината на бродот изнесува 62 метри, широчината е 10,3 метри, додека нето масата изнесува 499 тона. Капацитетот на вградената батерија е 3480 kW h, а бродот користи два странични пропелери со поединечна моќност од 300 kW и два пропелери со поединечна моќност од 68 kW. Интегратор на целиот проект била групацијата Kawasaki Heavy Industries (KHI). Вториот брод од оваа нарачка треба да биде готов и да исплови во март 2023 година.

asahi3

Испрати коментар

Scroll To Top