Од јуни граѓаните ќе можат да се паркираат во катната гаража кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“. АД за стопанисување со станбен и деловен простор привршува со изградбата на гаражата. Во тек се финалните зафати за изведба на паркинг-просторот, како и застаклувањето на надворешниот дел на објектот.
Катната гаража кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ почна да се гради во 2011 година. Зафаќа површина од 23.000 квадратни метри, од кои 70 отсто се наменети за паркирање, а останатите 30 отсто се деловен простор. Објектот е поделен на две ламели.
Првата ламела е наменета за деловен простор со подземно ниво, приземје и пет ката, додека гаражата ќе има еден подземен кат, приземје и девет ката, и ќе биде со капацитет за 516 паркинг-места. Изградбата на оваа катна гаража чини осум милиони евра.