Музејот Kunsten во Данска, склучил договор со уметникот, а средствата во износ од 84.000$ биле наменети за создавање на модерна уметност. Работата била завршена, но не на начин како што било очекувано од нарачателот, ниту пак од публиката. Имено, уметникот испорачал две празни врамени платна. Под наслов „Земи ги парите и бегај“, уметникот Jens Haaning тврди дека платната зборуваат за ниските плати. Во никој случај, ова не е кражба, рекол уметникот. Музејот на модерна уметност во Алборг, Данска, ги изложил овие дела, во склоп на изложбата која се осврнува на односот на човекот кон работата.
Уметникот тврди дека со празните платна точно ја погодува темата нa изложбата и се осврнува на разликите во платите помеѓу Данска и Австрија преку едно големо и едно помало платно. Haaning изјавил дека решил да ги задржи парите во знак на протест поради лошите услови во кои работи, но во исто време делото испраќа моќна прака. Но, сега тој се соочува со рок до 16-ти јануари , до кој Музејот бара да бидат вратени парите. Дали ќе следува тужба сеуште не е извесно, но јасно е дека овој потег предизвика големо внимание во јавноста.