Насловна / Арт и дизајн / Авиокомпанија со интересна флота – авиони насликани со Штрумфови и Тинтин

Авиокомпанија со интересна флота – авиони насликани со Штрумфови и Тинтин

Дали некогаш сте патувале во авион насликан со ликови од стрипови или уметнички дела на славни сликари? Доколку одговорот е позитивен, можно е да сте летале токму со компанијата Brussels Airlines. Имено, секоја година дел од нивната флота добива посебно руво, па така чести се мотивите со Тинтин, надреалистички мотиви на славниот сликар Rene Magritte, авион со Штрумфови, потоа авион со прикази на ренесансните слики на Pieter Bruegel, и многу други мотиви. Сите тие мотиви се дел од серијата „Иконите на Белгија“, и претставуваат многу симпатичен начин на туристичка промоција на симболите на земјата преку уметноста и стриповите. Дека секоја држава има свои славни сликари и не е некоја новост, но не секоја држава станала позната благодарение на стриповите.

bel1

bel2

bel3

За причините поради кои Белгија ја викаат „земја на стриповите“ накратко може да се објасни дека во текот на Втората светска војна во земјата настапила вистинска ренесанса на домашната стрип сцена. До таа мера што добила и свое име – bandes dessinees, односно стрипови за публиката во Франција и Белгија. Меѓу најпознатите се Авантурите на Тинтин, Lucky Luke, Штрумфовите и Asterix, а може да се најдат и во облик на мурали на зградите и улиците на белгиските градови.

bel4

bel5

bel6

Испрати коментар

Scroll To Top