Насловна / Архитектура / Зграда инспирирана од кањонот Колорадо

Зграда инспирирана од кањонот Колорадо

Познатото биро на MAD Architects доби одобрение за проектот на оваа необична зграда во Денвер – станбена кула од шеснаесет ката наречена One River North, која има патеки исечени во фасадата исполнети со природни елементи.

Kolorado

Проектот е проектиран со идеја за замаглување на границите меѓу изградената и природната средина, благодарение на површината од околу 1.200 квадратни метри отворен простор, водни површини и вертикални и хоризонтални патеки на ниво на фасадата. Се очекува овој импресивен проект да биде завршен до крајот на 2023 година.

Изградбата на оваа станбена зграда е планирана на локација во River North District и е трет проект на компанијата MAD Architects во САД, и прв станбен проект со станови за изнајмување во Северна Америка.

Kolorado4

Покрај уникатниот спој на архитектурата и пејзажот, кулата ќе има 187 апартмани, кровна тераса со базен, спа простор и градина и околу 750 квадратни метри малопродажен простор на приземјето, пишува ArchDaily.

Ребрестата фасада на зградата е проектирана да го регулира влегувањето на сончевата светлина, како и суптилно да ја рефлектира околината и небото.

Kolorado2

“One River North е модел кој ни покажува како треба да живееме, опкружувајќи се со природната средина и внесувајќи ја природата во нашите домови за да создадеме автентични искуства во комбинација со удобностите на модерното доба“, рече Кевин Ратнер, ко. -основач на The Max Collaborative.

Проектот на MAD Architects е инспириран од природата и под влијание на легендарните форми на релјефот во Колорадо, комбинирајќи ја природата и архитектурата за да поттикне добро избалансиран живот, додаде тој.

Kolorado1

Впечатливиот и секако необичен отвор на фасадата – инспириран од разновидните биоми на Колорадо – се протега низ десет ката, од кои четири функционираат како шеталиште.

Како што објаснува Ма Јансонг од MAD Architects, нивната потреба да се вклучат кањони, водопади, потоци и шуми во проектот произлегува од идејата дека бетонските шуми во градовите може да се гледаат како втора природа ако ги перцепираме модерните градови како пејзажи создадени од човекот.

Kolorado3

Испрати коментар

Scroll To Top