Насловна / Вести / Знаете ли каде завршува непродадената облека?

Знаете ли каде завршува непродадената облека?

Модната индустрија генерира дури 10% од глобалната емисија на јаглерод диоксид, што ја става на листата на најголемите загадувачи. За жал проблемот не е само во процесот на производство на облеката, туку и во фактот што во магацините останува тони непродадена облека. Познатите модни брендови тоа го решиле на еден многу тажен и страшен начин. Имено, со цел да го заштитат својот углед и да спречат нивната стока да се подарува или препродава на црно, многумина ја палат. Кога станува збор за евтините парчиња на непродадена облека, тие завршуваат на депонија во пустината Атакама во Чиле. На ова место, од САД и сите краеви на Европа, секојдневно стигнуваат тони текстил.

clothing1

clothing2

 

На непрегледната планина од облека може да се најде буквално се. Се проценува дека станува збор за количина од околу 39.000 тони, која секојдневно расте. Локалното население крстари низ депонијата во потрага по облека која може да се носи или да се продаде. Поразувачки е фактот што оваа гардероба ќе остане со децении на таа локација, бидејќи не ќе може во целост да се разгради, што претставува еколошка катастрофа. Единствената светла точка во оваа приказна е фабриката за рециклирање на текстил, која е отворена во близина на депонијата. Но, таму се рециклира само еден дел од облеката.

clothing3

clothing4

Испрати коментар

Scroll To Top