Lamborghini ќе го претстави својот нов модел во 2023 година. Во моментот се вршат тестирања во фабриката Sant’Agata Bolognese. Она што ќе ги радува сите љубители нa овој бренд, е веста дека моќниот и гласен V12 мотор продолжува да живее. После Miurа, Countach, Diablо, Muricelagо и Aventador, новиот суперспортски модел од Lamborghini ќе биде првиот модел во историјата на брендот со V12 мотор кој е потпомогнат со електрификација. Се разбира, и самиот V12 мотор е целосно редизајниран. Станува збор за целосно нов мотор, нов погон, се е целосно ново. Но, сепак италијанскиот бренд останува верен на распоредот и конфигурацијата на моторот. Дванаесетте цилиндри се поставени во V распоред, и нема турбо полнач. Што се однесува до дизајнот, традицијата ќе биде сочувана, но со понагласена аеродинамичност.
Lamborghini сака целосно да ја обнови својата понуда на модели до 2024 година. После Urusa во 2022 и Aventador во 2023 година, наследникот на Hurican ќе дојде како plug in hybrid до 2024 година. Првиот целосно електричен модел од Lamborghini, ќе се појави најрано во 2027 година.