Насловна / Вести / Ниту една планина не е доволно висока за да се спаси од микропластиката

Ниту една планина не е доволно висока за да се спаси од микропластиката

Микропластиката од Африка и Северна Америка пронајдена е во воздухот во француските Пиринеи, на 2.877 метри надморска височина. Научниците тврдат дека нема точка на Земјината топка која има чист воздух. Од Монт Еверест до Маријанскиот ров, микропластиката е насекаде – дури и високо во тропосферата на Земјата каде брзината на струење на воздухот и овозможува да патува на големи растојанија, покажало едно ново истражување.

pic1

Микропластиката претставува ситни делови пластика – помали  од пет милиметри, кои  потекнуваат од амбалажа, облека, возила и други извори и откриена е на копното, во водата и во воздухот. Научниците од францускиот Национален истражувачки институт CNRS земале примероци од воздухот на 2.877 метри надморска височина во опсерваторијата Пик ду Миди во француските Пиринеи, т.н. „чиста станици“ поради ограниченото влијание на локалната клима и животната средина. Таму биле тестирани 10.000 кубни метри воздух неделно, во периодот помеѓу јуни и октомври и откриле дека сите примероци содржат микропластика.

pic2

pic3

Користејќи ги временските податоци, ги пресметале патеките на различните воздушни маси кои претходат на секој примерок и откриле извори на загадувањето кои стигнуваат дури до северна Африка и Северна Америка. Главниот автор на студијата, Стив Ален од Универзитетот Делхаузи во Канадa, рекoл дека честичките биле во состојба да минат такви растојанија бидејќи достигнале големи височини.  „Кога еднаш ќе доспеат во тропосферата, тоа е како да излегле на супербрз автопат“, вели Ален. Истражувањето исто така укажува на извори на микропластика во Средоземното море и во Атлантскиот океан. „Морскиот извор на микропластика е најинтересен“, нагласува Ален. Пластиката испарува од океанот во воздухот и достигнува неверојатни височини. Според тоа, таа кружи во еден бесконечен циклус“.

pic4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top