Општина Центар го започна поплочувањето на улицата „Ѓорги Пешков“.
Улицата што меѓу жителите на Центар веќе се нарекува Боемска улица ќе биде пешачка патека. Плочките се од природен гранит.
Улицата ќе биде на едно ниво и ќе заврши со мал плоштад. Каблите ќе бидат под земја и ќе се постави посебен систем за одводнување со поцинкувани челични решетки.