Насловна / Арт и дизајн / Sotheby’s продаде уметнички дела и колекционерски предмети за рекордни 7,3 милијарди долари

Sotheby’s продаде уметнички дела и колекционерски предмети за рекордни 7,3 милијарди долари

Оваа година аукциската куќа Sotheby’s продаде уметнички дела и колекционерски предмети за рекордни 7,3 милијарди долари, најмногу во својата 277-годишна историја. Sotheby’s соопшти дека „пристигнувањето на помлади, технолошки упатени колекционери“ кои во тек на пандемијата купувале луксузни предмети како што се чанти, накит, вино и НФТ, помогнало да се зголеми продажбата на рекордно високо ниво.

Sotheby’s, кој е основан во Лондон во 1744 година и работи од 80 канцеларии ширум светот, објави дека вкупниот број на продадени дела во 2021 година ќе продолжи да расте, бидејќи до крајот на годината има уште 20 закажани аукции.

Оваа година на аукции продадени се 57 предмети, кои имале поединечна цена повисока од 15 милиони долари, а најголема вредност достигнала сликата на Ботичели „Портрет на млад човек со рондела“ продадена за 92,2 милиони долари.

1_resize

Продажбата е веќе за 71 отсто повисока отколку во 2020 година, кога побарувачката паднала во раната фаза на пандемијата.

1,8 милиони долари за патики

Постигнати се и рекорд за најскапите патики продадени на аукција, „Nike Air Yeezy“ што ги носеше Канје Вест на доделувањето на Греми наградите во 2008 година, кои достигнаа цена од 1,8 милиони долари.

3_resize

Златникот „дабл игл“ од 1933 година, кој беше продаден за 19 милиони долари и така стана најскапата паричка продадена на некоја аукција.

Нјамногу пари промениле сопственици во модерната и современата уметност, каде трансакциите достигнаа рекордни 4,3 милијарди долари на аукции и приватни продажби.

Одделенијата за продажба на луксузни часовници, вино и алкохолни пијалоци, дизајн и книги и ракописи, исто така, постигнаа рекордна годишна продажба.

01_resize

Колекцијата на разведениот магнат вреди 676 милиони долари

Sotheby’s постави и рекорд за највредна аукција, бидејќи за колекцијата Меклоу, која повеќе од половина век ја собираа магнатот за недвижности Хари Меклоу и неговата поранешна сопруга Линда Меклоу беа платени 676 милиони долари.

На парот му беше наложено да ја продаде колекцијата, која вклучува ремек-дела на Алберто Џакомети, Марк Ротко и Сај Твомбли, од страна на судија кој го надгледуваше нивниот развод откако не успеаа да се договорат за вредноста на колекцијата.

Аукциската куќа ја одржа и првата продажба на НФТ во својата историја, продавајќи за три дена таков тип на токен во вредност од 16,8 милиони долари, како и „изворниот код за светската интернет мрежа“ кој е продаден за 5,3 милиони долари.

0_resize

Аукционерите се помлади

Беше објавено дека продажбата на НФТ драматично го поттикнала проширувањето на публиката, при што 78 проценти од понудувачите на НФТ се нови во Sotheby’s, а повеќе од половина се на возраст под 40 години. Речиси двојно е зголемен бројот на оние кои се пријавиле на аукции, а се уште не влегле во петтата деценија.

„Приливот на помлади, технолошки упатени колекционери, исто така, доведе до значителна промена во купувањето физички дела како што е Le Nez на Алберто Џакомети, која ја купи Џастин Сан, основач на платформата за криптовалути Трон, за 78,4 милиони долари минатиот месец во Њујорк. “, соопшти Sotheby’s.

5_resize

Најавата на годишни распродажби доаѓа во време кога се повеќе се шпекулира дека францускиот милијардер кој е сопственик на аукциската куќа можеби планира компанијата да излезе на берза.

Патрик Драхи, кој го купи Sotheby’s за 3,7 милијарди долари во 2019 година, наводно ги истражува шансите следната година да излезе на берза, пренесува Блумберг.

Испрати коментар

Scroll To Top