Претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле, ги објави плановите за изградба на биткоин град од 7.466 хектари на југоистокот на оваа американска земја. Предложената метропола треба да се развие во подножјето на вулканот Кончагва. Планиран како совршен круг, градот ќе има облик на паричка, а геотермалната енергија на вулканот треба да ја напојува целата градска електрична мрежа, вклучително и ископувањето криптовалути, кое троши огромни количини електрична енергија.
Фокусот на дизајнот е на граѓаните, па градот делумно треба да биде ослободен од автомобили, со бројни пешачки зони, велосипедски патеки и лесна железничка мрежа. Ќе има и брз воз кој ќе го поврзува градот со аеродромот, пристаништето и околните градови.
Во едната половина од градот има домување, а во другата половина има образовни и здравствени установи и продавници. Градот има „паметни“ згради и дигитални удобности.
Главна карактеристика на урбанистичкиот план е големиот централен плоштад украсен со масивен „Б“ – симбол на биткоинот. Тука ќе се одржуваат концерти и слични настани, а ќе има и музеј за историјата на парите.
Биткоин Сити има за цел да ги олесни деловните и технолошките инвестиции со низа стимулации. Ќе се гради фазно, а не се утврдени рокови за завршување. Јавната инфраструктура ќе чини околу 300 илјади биткоини, а Ел Салвадор е првата земја во светот што го усвои биткоинот како законско средство за плаќање.
Овој град се очекува да ја дефинира иднината на земјата, претставувајќи го неговото лидерство во урбанистичкото планирање со визија за иднината.