Насловна / Архитектура / Видиковец со два врамени погледи

Видиковец со два врамени погледи

4Ruta-Peregrino-5925

Рутата del Peregrino има должина од 117 километри. Повеќе од два милиони луѓе секоја година патуваат од различни места во Мексико низ планинскиот венец на Jalisco. Стартувајќи од градот Ameca, нивната крајна дестинација е Talpa Allenda каде ја посетуваат Богородица на Бројаница како акт на прочистување, верба и посветеност.

Овој годишен аџилак најчесто се одржува во светата недела, каде учествуваат луѓе од сите возрасти. Религискиот туризам до пред некое време бил без признание и поддршка од страна на владата.

Тим од неколку архитекти, меѓу кои Alejandro Aravena, Diego Torres и Víctor Oddó, учествувале во дизајнирањето на повеќе делови од проектот. Владата на Jalisco асистирала во имплементирањето на инфраструктура во форма на засолништа, летниковци, светилишта и некои основни сервиси за да им се олесни на луѓето што поминуваат низ рутата.

Во однос на врамувањето на погледи тука има две работи кои трба да бидат видени и тоа: на една страна е панорамскиот поглед на долината што е резултат на највисоката точка на патеката, и крстовите на спротивната страна. Според овие два аспекта, потребно било да се овозможи двоен фронт. Со оглед на должината на патувањето и временските услови, исто така  важно е да се создаде длабока сенка и вентилација, кои се две вредни компоненти во еден аџилак.

Конструкцијата е замислена како голем монолитен елемент, кој повеќе претставува архитектура отколку инфраструктура. Со собирање на атмосферската вода во засенетиот дел, таа ќе добие улога на огледало кое некогаш ќе се јавува како еден вид на сјајна површина на структурата, што ќе биде во контраст со масивниот остаток.

Ruta-Peregrino-6149 Ruta-Peregrino-6153 Site_PlanSite_Section Section_02 Section_01

Испрати коментар

Scroll To Top