Прегледот е подготвен од страна на Работната група за електрична енергија (EWG) на Регулаторниот одбор на Енергетската заедница и ги содржи мерките кои се превземени од страна на сите девет земји членки, меѓу кои Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Енерегтската криза предизвикана со огромниот скок на цените на природниот гас, емисионите единици и електричната енергија, како што се наведува во прегледот ќе трае најрано до крајот на зимската сезона. Земјите кои се нето увозници на електричлна енергија како Македонија, Албанија и Косово, трпат голем притидок поради високите цени на увозот, додека земјите кои се нето извозници, особено БиХ, ги забележуваат историски најголемите приходи, се вели во прегледот.
Така, Албанија од почетокот на годината до ноември платила 213 милиони евра за увоз на електрична енергија. Колку е голем овој износ може да се уочи доколку се спореди со приходот на државната компанија OSHEE за истиот период, кој изнесува 480 милиони евра. Во слична ситуација е и Македонија, па не е изнедадување што двете земји прогласија кризна состојба во енергетиката, со цел да обезбедат директна финансиска поддршка за државните компании или потрошувачите. Од друга страна, БиХ, која е нето извозник, забележува рекорди благодарение на високите цени по кои ја продава својата енергија. Голем дел од пазарите, како што се истакнува во прегледот, во земјите членки на Енергетската заедница и натаму го сочинуваат гарантираните снабдувачи. Цената за нивните потрошувачи најверојатно ќе се зголеми при следната ревизија на цените од страна ан регулаторите, поради повисоките цени на увозот и зголемувањето на надоместоците за мрежа, се вели во извештајот.
Регулаторните агенции од земјите членки, сметаат дека поставувањето на цените на нивоа кои во целост би ги одразувале зголемените трошоци би можело да доведе до превисоки цени за потрошувачите. Владините мерки се гледаат како единствен инструмент за одржување на цените на достапно ниво, се вели во прегледот. Се поставува и прашањето на цените за балансирање. Српскиот оператор на преносниот систем, веќе ги измени правилата за балансирање, а веројатно и другите ќе направат преиспитување, со цел да се зголеми нивото на финансиски гаранции за покривање на изложеноста на балансниот пазар. Работната група за електрична енергија истакнува дека регулаторите би требало да обзбедат таков балансен механизам кој ќе ги елиминира можните девијации предизвикани од турбулентните случувања на пазарот.