Насловна / Арт и дизајн / Раскош на есенските бои во Вирџинија

Раскош на есенските бои во Вирџинија

Планините на Вирџинија важат за инспирација на бројни песни и тоа со генерации наназад, но нивната убавина може да ве остави без зборови. Како и секоја година, есенските бои долж планините Блу Риџ – Blue Ridge во Вирџинија го прават регионот едно од најубавите места во светот.

winery_01_resize

Фото 1_resize

Virginia Welcome Sign

Планинските предели во Вирџинија се повеќе од чисто визуелна привлечност. Тие нудат уникатна култура, наследство, музика, регионална уметност, вино од светска класа и сè што може да се замисли за рекреација на отворено. Ова е причината зошто Вирџинија е привлечна за љубителите на планината.

Фото 2_resize

Планините Blue Ridge или Син гребен се дел од Апалачките Планини во САД. Blue Ridge се протега на површина од речиси илјада километри и тоа од Сојузната Држава Пенсилванија, преку делови на Мериленд, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина, па сè до Џорџија. Гребенот е релативно тесен, со просечна височина од 600 до 1.200 метри.

Smoky Mountains National Park, Tennessee, USA autumn landscape

Синиот гребен е создаден со подигање на тектонските плочи на Земјата од пред 1,1 милијарди до 250 милиони години. Планините Blue Ridge се познати по тоа што имаат синкава боја кога се гледаат од далечина. „Синото“ во Blue Ridge доаѓа од изопренот ослободен во атмосферата. Ова придонесува за карактеристичната магла на планините и нивната боја.

Great Smoky Mountains National Park Scenic Sunrise Landscape at Oconaluftee

Целиот регион е сложено расчленет од бројни мали потоци, а трите големи реки, Ронок, Џејмс и Потомак, сите во Вирџинија, практично ги пополнуваат празнините низ гребенот.

Фото 5_resize

Патот Skyline Drive е единствениот јавен пат низ Националниот парк Шенандоа (Shenandoah), којшто важи за прекрасно историско национално богатство. Почнува од гратчето Фронт Ројал и потоа се поврзува со Blue Ridge Parkway.

Blue Ridge Parkway е исто така живописна автомобилска патека (755 километри) што се протега на југозапад до Националниот парк Great Smoky Mountains.

Речиси 70 локации нудат неповторливи погледи на долината Шенандоа.

Curvy autumn road Aerial View of the Tail of the Dragon in the Fall

Autumn fall season rural countryside with foreground of many colorful beautiful flowers at winery vineyard in blue ridge mountains of Virginia with sky and rolling hills

Патеката Апалачи е јавна планинарска патека долга преку 4.500 километри долж Апалачките Планини. Минува низ живописни, пошумени, пастирски, диви и површини со културолошко значење. Замислена во 1921 година, изградена од обични граѓани, а завршена во 1937, денес за патеката се грижат Службата за национални паркови, Американската шумска служба, бројни државни агенции и илјадници волонтери.

Фото 8а_resize Stream and Bridge

Таканаречената кулминација на боите е видлива од средината на октомври до почетокот на ноември.

Во планинскиот регион Blue Ridge се регистрирани преку 700 видови дрвја и растенија.

Фото 11_resize

Фото 11а_resize

Вирџинија има преку 300 винарии и секако секоја со свој поглед. Без оглед дали ги претпочитате полните вкусови на Cabernet Sauvignon или деликатниот и свеж вкус на Pinot noir, секој вистински љубител на виното знае дека исклучителната чаша вино ќе ве натера да посакате уште. Винариите нудат многу повеќе од наградувани вина –  прошетки низ лозјата, пикник со пријатели, набљудување диви животни на пространи пасишта. Доколку посакувате може да бидете авантуристички настроени и да барате мечки или едноставно само да се опуштите во шталите со коњи и со прекрасниот поглед  кон лозјата опкружени со силуетата на извонредните планини Blue Ridge во далечината.

Автор: Јулија ВЕЛКОВСКА

(Специјално за Порта 3 од Вашингтон)

Фото кредит / iStock by Getty Images

Foggy Appalachian Trail

Empty wooden chairs in autumn fall foliage season countryside at Charlottesville winery vineyard in blue ridge mountains of Virginia with cloudy sky day

Closeup of Winery Road Green street sign with bokeh background of grape vineyard winery rows

Испрати коментар

Scroll To Top