Гибралтар бил познат како едно од најдобро бранетите места на светот, а познатата „Карпа“ денес ја разгледуваат бројни туристи. Гибралтарската карпа односно самиот Гибралтар и натаму и припаѓа на Велика Британија, а ситуацијата е таква во последните 300 години. Британците го освоиле во 1704 година во текот на Војната за шпанското наследство, а службено и припаѓа на Британија од 1713 година. Во годините кои следувале, станал важна стратешка база со витална улога во контролата на Медитеранот во текот на Втората светска војна.
Денес посетителите на Гибралтар ги привлекуваат бројните воени тунели, но и европската колонија на диви мајмуни. Тунелите се изградени во текот на Втората светска војна после падот на Франција, и нивната смисла била заштита од воздушните напади како и од напади преку морето. Работите ги изведувале спеијализирани компании на Британската и Канадската војска. Тунелите брзо прераснале во вистински подземен град каде се наоѓале залихи храна и други намирници за 16.000 луѓе во текот на дури 16 месеци опсада. Во нив се наоѓала болница, пекара, дестилерија и разни работилници. Денес најголем дел од тунелите се отворени за јавноста, а само мал дел од нив сеуште се под контрола на војската. Некои се затворени поради опасност од обрушување. Турата по тунелите трае околу 40 минути.