Декември е месец кога снегот не би требало да не изненади. Климатските промени се одвиваат со голема брзина, така да и зимата не е како што била некогаш.
Во продолжение погледнете листа на градови со најмногу снежни врнежи во светот.
Аомори, Јапонија
Аомори е убедливо најснежниот град на светот. Се наоѓа во Јапонија, во истоимената префектура. Овде во просек годишно паѓаат речиси 8 метри снег. Причината зошто толку многу паѓа снег во Аомори е токму поради неговата положба и надморска височина – се наоѓа помеѓу планините Хакода и заливите Аомори и Мутсу, каде што е на директен удар на студениот северен воздух и околните води.
Сапоро, Јапонија
Сапоро по број на жители е најголемиот град на оваа листа со околу два милиони жители. По големина е четврти град во Јапонија, а втор по количината а на снег што паѓа во текот на годината. Станува збор за речиси пет метри снег годишно. Како дестинација, тој им е интересен на туристите поради Фестивалот на снег.
Тојама, Јапонија
Тојама е трет најснежен град во светот, брои околу 417 илјади жители. Вистинска атракција е планинскиот пат кој поради снегот е ограден со снежни ѕидови кои ја блокираат видливоста на возачите. Тојама се наоѓа во Јапонија и е главен град на префектурата Тојама.
Сент Џонс, Канада
Сент Џонс е град во источна Канада, тој е главен град на провинциите Њуфаундленд и Лабрадор. Се наоѓа во природно пристаниште на југоисточниот брег на Њуфаундленд, односно полуостровот Авалон. Тука во просек врне најмногу снег во споредба со сите поголеми градови во Канада.
Квебек, Канада
Градот Квебек е вториот по големина град во провинцијата Квебек и еден од најстарите градови во Северна Америка. На туристите им е интересна поради интересната архитектура инспирирана од француските и европските корени. Во зима традиционално во овој град се одржува Зимскиот карневал.
Сиракуза, САД
Сиракуза се наоѓа во американската сојузна држава Њујорк, јужно од езерото Онтарио. Во градот живеат околу 145 илјади жители. Во оваа област секоја година паѓаат над 3 метри снег.
Сагенеј, Канада
Сагенеј се наоѓа на околу 192 километри северно од Квебек, главниот град на провинцијата Квебек. Во градот живеат околу 144.000 жители, а годишно паѓаат околу 312 сантиметри снег.
Акита, Јапонија
Акита се наоѓа источно од Јапонското Море, во префектурата Акита. Овој истоимен град е дом на повеќе од 320.000 жители. Во првите два месеци од годината паѓа најмногу снег – во јануари просечно паѓаат околу 137 сантиметри снег, а во февруари 100 сантиметри.
Рочестер, САД
Рочестер во сојузната држава Њујорк, се наоѓа во близина на Канада, јужно од езерото Онтарио. Снежните врнежи овде често се претвораат во вистински зимски виулици. А на некои места се насобира толку многу снег што поминува речиси 9 метри.
Бафало, САД
Бафало е втор по големина град во сојузната држава Њујорк и се наоѓа на исток од езерото Ири, кое се граничи со Канада. Во овој град позната е појавата наречена „снежен ефект на езерото“, која драстично ја зголемува количината на снежни врнежи. Снегот во текот на зимата знае да напаѓа толку многу што ги затрупува автомобилите.