Зградата Nakagin Capsule е изградена во Tокио во 70-тите години, и претставува редок пример на јапонската архитектура наречена „метаболизам“. Тоа била уметност на дизајнот раководена од идеите на биолошкиот органски раст и развој. Можеби токму оваа зграда е најдобриот претставник, дело на Kisho Kurokawa. Се состои од две кули кои имаат 11 односно 13 ката. Вкупно брои 140 “капсули“ односно едноставни станови чија површина е само 10 метри квадратни. Капуслите наликуваат на машини за перење, а прозорците се налик на авионските прозорци, дури по тоа што не можат да се отвораат. Тоа е направено од сигурносни причини. „Капсулите“ се проектирани така што не можат меѓусебно да се поврзат.
Во зградата главно живееле мажи работници на кои им требало само соба за преспивање. До пред неколку години овде имало многу сстанари, но денес одвај дваесетина. Дел од становите се користат како складишта, а најголем дел од нив едноставно пропаѓаат. Мислењата околу оваа зграда се поделени. Додека некои навиваат за рушење, некои сметаат дека станува збор за автентична архитектура која потсетува „на сите патишта по кои сеуште не сме зачекориле“ – барем така напишал еден архитектонски критичар за New York Times.