Насловна / Арт и дизајн / Утре „Изгубени модернистички утопии?“, перформативен настан во јавен простор

Утре „Изгубени модернистички утопии?“, перформативен настан во јавен простор

Перформативниот настан во јавен простор „Изгубени модернистички утопии?“ ќе се одржи на 4.12.2021 (сабота) од 12:00 часот во близина на објектот зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул.„Варшавска“ бр.23. Настанот е продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФР~У“.

Произлезен е од четридневната интердисциплинарна работилница „Изгубени модернистички утопии?“(30.11-4.12.2021) под менторство на Миодраг Куч (Колектив Кунстурепублик/ ZK/U Центар за уметност и урбанизам – Берлин) и Филип Јовановски (ФР~У/ АКТО – Скопје) во соработка со Факултет за драмски уметности – Скопје и со Архитектонски факултет – Скопје.

Учесници: студенти по режија на ФДУ, студенти на Архитектонски факултет. Концепт: Ивана Васева, кураторка; Филип Јовановски, визуелен уметник

foto Kristijan Karadzovski (1)

Неодамнешната популаризација на и интерес за (социјалистичкото) модернистичко наследство внесе различни позиции и политички (ре-)изјави. Од една страна, архитектите и визуелните уметници често ја фетишизираат неговата естетика (особено бруталистичката архитектура), додека пак од друга страна, урбаниот развој заснован на недвижности се обидува да се ослободи од реликтите на несаканото минато. Помеѓу таквите радикални позиции, државата/градот нема соодветна валоризација кога станува збор за модернистичкото наследство, заробено во секојдневната политика и одржувањето на урбаните инфраструктури кои се распаѓаат.

Работилницата „Изгубени модернистички утопии?“ ги става граѓанското општество и населбите во центарот на дискусијата, проширувајќи ги значењата и функциите на Месната заедница под чија закрила може да се формираат, дискутираат и испробуваат иновативни идеи за наследството. За време на работилницата ќе размислуваме за имагинарни собранија и политичка култура која не е центрирана на човекот, ќе ги контекстуализираме нашите заклучоци и ќе ги вклучиме локалните чинители, но и ќе воведеме уметнички алатки за трансформација.

Целта на работилницата е да се деконструираат традиционалните пристапи кон наследството („заштита“, конзервација, заживување, семиотички прекин итн.), да се сензитивизираат учесниците за враќање на политичкиот простор и конечно да се даде перформативна повелба за урбана трансформација.

Миодраг Куч е интердисциплинарен уметник и урбанистички теоретичар школуван како архитект/урбанист во различни културни окружувања.

Неговата работа ја истражува улогата на ефемерните структури во неизвесни урбани услови и просторни присвојувања на маргиналните општествени групи.
Тој е основач на студиото ParaArtFormations, кое се движи на крстопатот помеѓу урбанистичките студии, перформативното планирање, уметничките интервенции и микрополитиката.
Куч работи како истражувач и води разни проекти во ZK/U (Центар за уметност и урбанизам) во Берлин, проучувајќи нови начини на продукција на знаење низ објективот на критичката урбана педагогија. Во моментов, работи на развивање на образовниот оддел на ZK/U (ZEDucation).

AKTO-16-nastan-04-12-FB-event

16. АКТО фестивалот за современи уметности во 2021 година отвора двогодишна тема „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација и отуѓување, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото. АКТО ја испитува оваа тема преку примерот на плоштадот како репрезент на современите недемокрациски процеси, кој наместо да биде арена каде што се слуша агонистичка дискусија, на создавање политички субјективитети, тој повеќе стана место на набљудување, на пасивност и молк отколку на јавност или на живот на улица. Па така преку оваа деполитизирана, еродирана и приватизирана платформа, АКТО се обидува да го истражи стеснувањето на јавниот простор кој води до стеснување или намалување на изразувањето на јавното мислење, а со тоа и намалување на демократијата. „Современи (не)демократии“се обидува да одговори на предизвиците, но и препреките во непрепознавањето на недемократиите кои ни се случуваат секојдневно. Дали имаше вистинска дебата на јавните простори во земјава? Или само конфликт кој сè уште трае и се продлабочува? Конфликт што го дели (поларизира) општеството и со тоа го спречува неговиот развој? Што е демократија во денешен контекст и како таа (не) демократија се рефлектираше преку неможноста на раѓањето на агоностичка агора? И какви практики и активности имаат потенцијал да го изградат градот за да се одржи плоштадот како јавен?

АКТО 16 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Гете – Институт Скопје, Фондација „Хајнрих Бoл“.

Испрати коментар

Scroll To Top