Третата галија ќе биде првиот хотелски објект во Скопје изграден на вода.
Како што пренесува „Утрински“, објектот го гради сопственикот на ресторанот „Воденица“. Галијата, всушност, ќе биде хотел со 16 соби и два апартмана, главно изграден од дрво. Ќе биде долг 35 метри, а широк 16, на три ката и со едра високи 35 метри.
Според договорот со градските власти, сопственикот со овој објект ќе стопанисува во наредните десет години. Месечната кирија што ќе му ја плаќа на Градот е 35.990 денари. Таа е речиси двојно помала од онаа за првите два сплава, во кои инвестира фирмата „Фаланга“. Едниот од нив речиси е готов. Тој ќе биде француски ресторан, а другиот ќе работи како бар за закуски на вода.
Инаку, урбанистичкиот план предвидува во реката Вардар да има шест сплава. Засега за преостанатите три, Градот се уште нема најдено заинтересиран инвеститор.