Насловна / Вести / „Zero è buono“: Новак Ѓоковиќ промовира автомобил со нулта емисија (ВИДЕО)

„Zero è buono“: Новак Ѓоковиќ промовира автомобил со нулта емисија (ВИДЕО)

Ако во реклама ставите еден од најдобрите италијански актери и светскиот рекет број еден се добива ефектен и симпатичен спот. Пежо го направи тоа за да го промовира својот нов автомобил со нулта емисија.

нол1_resize

Во спотот на Пежо, на италијански, го гледаме популарниот италијански актер Стефано Акорси како игра тенис на земјена подлога, или барем, се обидува да го направи тоа со прилично сомнителни резултати. Потоа исцрпен, оди до својот автомобил, за да го здогледа Новак Ѓоковиќ како се потпира на него и го коментира неговиот тениски настап. Кога Ноле го прашува колку поени постигнал, Акорси вели „нула“. На тоа Новак во шега одговара, „нулата е добра“, мислејќи на петте електрични нули на Пежо (нула емисија, нула мирис, нула промена на степените на пренос, нула бучава и нула вибрации). Потоа актерот коментира дека во тенисот веројатно нула и не е така добро, а тенискиот шампион низ насмевка одговара „во тенисот не е добра“.

Испрати коментар

Scroll To Top