Новата германска владеачка коалиција (семафор коалиција), составена од SDP, Зелените и FDP, ги постави насоките за идната енергетска политика во земјата , кои вклучуваат проширување на планираните обновливи извори и забрзано укинување на производството на енергија од јаглен. Се договориле да ја удвојат германската цел во инсталирањето на фотоволтаици на 200 GW до 2030 година, да ја зголемат националната цел за уделот на енергија од обновливи извори од 65% на 80% до 2030 година, и да го поместат датумот за исфрлање на јагленот од првично планираната 2038 на 2030 година.
Останатите цели се зголемено вложување во водородот, при што до 2030 година се планираат 10 GW капацитети во електрозилатори, како и обезбедување на половина од потребната топлинска енергија преку јаглеродно неутрални извори, исто така до 2030 година. Сепак, се води грижа за обезбедување на стабилноста во снабдувањето преку задржување на одредени количини на јаглен и гас, но со истовремено зголемување на користењето на енергија од обновливи извори. Новите цели ги претставија челниците на трите владеачки партии.