Ракопис на големиот физичар Алберт Ајнштајн, во кој тој ја подготвува својата општа теорија на релативноста, продаден е на аукција во Париз, за рекорден износ од 11,6 милиони евра. Претходните рекорди за некои негови ракописи изнесувале 2,4 милиони евра за писмо за Бог (продадено во 2018 година), и 1,39 милиони евра (2017 година) за писмо за тајната на среќата. Последниов документ продаден во Париз, првично бил проценет на вредност помеѓу два и три милиони евра. За разлика од неговите претходни рекордно продадени ракописи, овој е работен ракопис, што е посебна реткост.
Станува збор за ракопис на 54 страници, создаден во 1913 и 1914 година во Цирих. Ракописите на Ајнштајн од областа ан науката од тоа време, и особено од пред 1919 година се многу ретки.