Насловна / Вести / Седум интересни факти за најдолгата сообраќајница на светот

Седум интересни факти за најдолгата сообраќајница на светот

1. Панамериканскиот автопат е најдолгата сообраќајница на светот според Гинисовата книга на рекорди. Главниот правец се протега на околу 30.000 километри и ги поврзува Северна и Јужна Америка. Таа го повзрува градот Ушуаја во Аргентина со Прадо Беј на Алјаска.

pan1

2. Панамериканската сообраќајница всушност се состои од многу подолга мрежа на меѓусебно поврзани улици во 14 американски земји: САД, Канада, Мексико, Гватемала, Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, панама, Колумбија, Еквадор, Перу, Чиле и Аргентина.

pan2

3. Освен стотината километри шумски предели помеѓу Панама и Колумбија, Панамериканската сообраќајница ги поврзува сите крајбрежни земји покрај тихиот океан на двата американски континенти.

4. Доколку возите во просек по 8 часа дневно, би Ви биле потребни три месеци за минување на целата рута. Проесечните туристи кои сакаат да ја истражат  и околината на пат треба да минат во просек од 6 до 18 месеци.

pan4

5. Аргентинецот Michael Strasser ја држи титулата на велосипедист кој најбрзо ја минал сообраќајницата. За тоа му биле потребни 84 дена, 11 часа и 50 минути. Рекордот е соборен во октомври 2018 година.

6. Концептот на една улица која ги повзрува двете Америки датира уште од 19-тиот век, но првите сериозни чекори за реализација започнале во 1923 година. Оригиналниот план бил да се изгради железница која ќе ги повзрува двата континенти, но со популаризацијата на патничките автомобили одлучено е тоа да биде улица.

pan5

7. Иако ова е најдолагата улица за моторни возила на светот и минува низ разновидни предели – од песочни плажи, преку прашуми и планини до ледници, сепак ретки се туристите кои се одлучуваат да возат по неа. Најголемиот број на туристички атракции во јужна и северна Америка се вон оваа рута, па затоа таа се користи за патување само во некои нејзини делови.

Испрати коментар

Scroll To Top