Станува збор за електричен авион под името Spirit of Inovation, кој во текот на летото достигнал брзина од 623 km/h. Во Rolls-Royce сметаат дека поставиле три нови светски рекорди, односно рекорди за најбрз електричен авион, за најбрз лет до 3.000 метри со време од 202 секунди, и за најголема брзина во 15 километри која изнесува 292,8 km/h.Компанијата ги отстапила своите податоци од рекордните летови на Меѓународната федерација за аеронаутика (FAI), која е одговорна за сертифицирање на глобалните аеронаутички рекорди.
Според тврдењата на производителот, авионот достигнал досега најголема забележана брзина за сите типови електрични возила. Направен е во рамките на проектот ACCEL (Accelerating the Electrification of Flight), кој делумно е финансиран од институтот ATI (Aerospace Technology Institute), а во соработка со министерството за бизнис, енергија и индустриска стрратегија и иновации на Велика Британија. Авионот користи електричен погон со моќност од 400 kW со батерии кои го напојуваат. Овој проект на Rolls-Royce, дефинитивно ќе понуди вредни податоци за идниот развој на електрифицираниот транспорт.