Следната година Турција ќе добие нов соларен парк благодарение на кој над два милиони домаќинства ќе се снабдуваат со електрична енергија, а во атмосферата ќе се емитуваат 1,5 милиони тони помалку јаглерод диоксид.
Соларната електрана со инсталирана моќност од 1350MW ќе се наоѓа во турскиот град Карапинар во централна Анадолија, а работите ќе бидат готови до крајот на 2022 година. Проектот е дел од првиот турски соларен YEKA тендер објавен од страна на турското Министерство за енергетика во рамките на програмата за развој на обновливите извори на енергија. За изградба на оваа електрана, Велика Британија одобри кредит од 225 милиони евра. Оваа одлука следуваше после Климатската конференција на ОН, COP26, каде Велика Британија се обврза дека ќе пружи поголема поддршка за глобалната енергетска транзиција.
Турција има остварено голем напредок во развојот и реализацјата на проекти од областа на обновливите извори на енергија, па само во периодот 2017 – 2027 се пуштени или се очекува да бидат акјтивирани околу 10.000MW соларен капацитет.