Насловна / Вести / Охрид повторно воведува јавен градски превоз

Охрид повторно воведува јавен градски превоз

ohrid avtobus

 По повеќе од една година од укинувањето на јавниот градски превоз, локалната самоуправа од Охрид планира повторно да ги врати во функција двете автобуски линии што го поврзуваа центарот со населбите „Гоце Делчев“ и другите оддалечени делови на градот. Во печатените медиуми денеска е објавен оглас за издавање на дозволи за вршење на автобуски превоз на градските линии 1 и 2, на приградската релација Охрид – Елшани – Охрид и за дополнителен сезонски превоз во периодот од 15 јуни до 31 август. Општината се надева дека на огласот ќе се пријави некој од приватните автотранспортни претпријатија, кои ќе треба да ги опслужуваат градските линии по цена од најмногу 20 денари за билет за едно возење.

 Најповолниот понудувач за користење на автобуските постојки во сопственост на општината ќе треба да плати минимум 5.000 денари годишно, додека за дополнителниот сезонски линиски превоз на патници е должен да доплати минимум 2.000 денари. Избраната фирма ќе го одржува јавниот градски превоз во период од пет години од денот на добивањето на дозволата. На огласот можат да се пријават сите превозници што имаат минимум два автобуси и два минибуси за превоз на патници. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди до општина Охрид најдоцна до 30 април, а нивното отворање ќе се одржи на 2 мај.

 

Испрати коментар

Scroll To Top