Насловна / Вести / Катар: Државата која има најмала веројатност да биде погодена од земјотрес или друга природна непогода

Катар: Државата која има најмала веројатност да биде погодена од земјотрес или друга природна непогода

WorldRiskIndex не само што ја анализира можноста за појава на природни катастрофи во одредена земја, туку вклучува и бројни социјални, политички и други фактори на опкружувањето. Според овој индекс, најмали шанси да  се случи природна катастрофа има Катар. Оваа држава го зазеде првото место во овогодишниот извештај на WorldRiskIndex како најбезбедна земја на светот од природни катастрофи со вредност на индексот 0,3. WorldRiskIndex во своите анализи се фокусира и на потенцијалната ранливост на жителите и нивната способност да се прилагодат на новите настани како последица на климатските промени.

WRI1

WorldRiskIndex е дел од сеопфатниот извештај на безбедноста кој го подготвува Институтот за животна средина и безбедност при Универзитетот на Обединетите Нации со седиште во Токио. Во извештајот се вклучени 181 земји во светот, а анализирани се опасностите од земјотрес, ерупција на вулкан, урагани, полави, суши и подигање на нивото на морето.  После Катар, најбезбедна земја во светот од природни катастрофи е Малта (вредност на индексот 0,69), Сент Винсент и Гренадини (0,7 вредност на индексот), Саудиска Арабија (0,94) и Гренада (1,06). Во Европа, најбезбедни земји освен Малта, се Исланд, Финска, Естонија и Швајцарија, додека како најризични се означени Албанија, Холандија, Грција, Црна Гора и Македонија.

WRIglavna

Испрати коментар

Scroll To Top